Шпанскиот фудбалер Дани Карвахал ја претрпе најтешката повреда во својата професионална играчка кариера, откако го повреди коленото.
Реал Мадрид брзо направи детални лекарски прегледи и потврди дека капитенот добил тројна повреда, односно освен скинатиот преден вкрстен лигамент, скинати е колатералниот лигамент, а исто така страдала и тетивата на коленото.
Каравахал во најскоро време ќе подлегне на оперативен зафат и дури по истиот ќе се очекува нова информација од Реал Мадрид, но во меѓувреме угледниот медиум „Марка“ се советуваше со експерт за колена, од кого побара да дознае колку долго ќе трае рехабилитацијата на десниот бек.