Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, од страна на 55-годишна жена Б.К, било пријавено дека се пронајдени делови од човечко тело кое било изгризано од диви животни. Деловите од телото се пронајдени на местото викано „Суитлак“ во Штип.
Според облеката се претпоставува дека деловите од телото припаѓаат на мајката на Б.К, 74-годишната Д.Р. од Штип која пред речиси 3 месеци на 19.07.2024 година била пријавена дека исчезнала од својот дом.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител деловите од телото биле дадени на семејството.