Во Берово денеска ќе се одржи настан за официјално почнување на активностите во рамки на проектот „Воспоставување нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“, за што се обезбедени средства преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка со Република Бугарија, соопшти Царинска управа.
На настанот најавено е обраќање на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, Тони Јакимовски.
Во рамки на настанот предвидена е посета на граничниот премин.