ОСТАВКИ ПОДНЕСОА СИТЕ ПРОФЕСОРИ ОД ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД Не сакаат да се изјаснат за ископувањето на литиум

Целата администрација, сите професори на Електротехничкиот факултет во Белград на чело со деканот Дејан Гвоздиќ денеска поднесоа оставка. Ова беше направено на седницата на Просветно-научниот совет на која ЕТФ требаше да даде изјава за ископот на литиум во србија и проектот „Јадар“, јавија белградските медиуми.

Деканот Гвоздиќ на седницата рекол дека раководството на факултетот поднесува оставка, дека ја разгледале состојбата во која се наоѓа факултетот и дека „не е добра“, како и дека „непотребно се нашле во тешка ситуација“.Данијела Несторовиќ, пратеничка на Еколошкото востание, денеска на седницата на српскиот Парламент на која се расправа за литиумот изјави дека целото раководство на Електротехничкиот факултет во Белград поднело оставки. Таа додаде дека властите постојано вршат притисок врз граѓаните, професорите и факултетите и дека лажат за проектот и за компанијата „Рио Тинто“, што би експлоатирала литиум и бор во Јадр.

Треба да знаете
Последни објави