На 07.10.2024 во 08.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонска фаланга“ со ул.„Буковска“ и ул.„Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(48) и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(53) двајцата од Битола, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница Битола.