Педесет и осумгодишник од неготинско село бил лишен од слобода поради тоа што ѝ се заканувал на сопругата, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Д.М., затоа што во семејнит дом ѝ се заканувал на неговата 47-годишна сопруга. Д.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се појаснува во соопштението на СВР – Велес.