Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо и официјално е казнет за инцидентот на натпреварот против Баерн во Минхен.
Иако шпанските медиуми објавија дека аргентинскиот кошаркар ќе се соочи само со парична казна поради вербален конфликт со судиите, тоа нема да се случи.
Како што пренесува Донатас Урбонас, донесена е одлука покрај казна од 5.000 долари, Кампацо да биде суспендиран и на еден натпревар, што значи дека „кралевите“ без Аргентинецот ќе бидат во дуелот против Партизан.
Да потсетиме, незадоволен од една судиска одлука (не доби фаул при шутот за три поени), Кампацо влезе во вербален конфликт со судиите, по што доби една, а потоа и уште една техничка грешка и беше исклучен.