Во Реал Мадрид се подготвуваат за прослава верувајќи дека Златната топка ќе му биде доделена на Винисиус Жуниор.
Клубот одреди која делегација ќе патува на церемонијата во Париз
Според „Релево“, клубот смета дека сигурно Винисиус ќе ја освои наградата во 2024 година. Веројатната победа на Бразилецот се смета за триумф на вредностите на Реал Мадрид, бидејќи развојот на играчот се одвиваше во мадридскиот клуб.
Церемонијата на доделување на Златната топка ќе се одржи на 28 октомври.