Во РЕК Битола во тек се подготовки за претстојната грејна сезона. Се испитува стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1 годинава воопшто не беше извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата, велат од ЕСМ.
Согласно овие синхронизирани активности, утрово од мрежа беше исклучен Блок 3, а во тек се операции за вклучување на Блок 2. Се очекува постројката да биде синхронизирана со македонската електроенергетска мрежа околу 15 часот.
Според годишниот план за производство на АД ЕСМ, предвидено е во овој период, РЕК Битола да работи со еден блок, додека се во тек процесите за консолидација на комбинатот и нормализација на состојбите во рудникот Суводол, за кои ја информиравме јавноста во текот на минатата недела.“, стои во соопштението на ЕСМ.