И покрај значителниот јаз во возраста, 84-годишниот холивудски актер и 30-годишната продуцентка, тие се зближија за време на пандемијата, па дури и го добија синот Роман, во јуни 2023 година.
Актерот неодамна беше прашан за неговиот моментален романтичен статус, а тој јасно кажа дека е сингл, велејќи: „Не. Имам само пријателства“, на прашањето дали е во емотивна врска.
Портпаролот на Пачино објасни дека парот преминал од партнерство во пријателство и се посветени на заедничко одгледување на своето дете: „Ал и Нур се многу добри пријатели и заедно го одгледуваат својот син Роман“.
Пачино, чија романтична историја вклучува врски од висок профил со ѕвезди како Дајан Китон, Беверли Д’Анџело и Кетлин Квинлан, е исто така татко на три други деца. Покрај новородениот Романо, тој ја има и 34-годишната ќерка Џули и 23-годишните близнаци Антон и Оливија.