Вчера во 06.50 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја привеле З.Б.С.(57) од Сојузна Република Германија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека го пречекорила дозволениот туристички престој во државата.
Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.