Три лица се тешко повредени во верижен судир кој се случил вчера на патот Гевгелија-Смоквица.
„Вчера во 15.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – село Смоквица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р.(44) од село Баница, Струмичко, товарно возило „ивеко“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(30) од село Селце, Прилепско и патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(37) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и сопатниците во возилото „цитроен“ М.Р. и Б.Р., констатирани во Медицински центар Гевгелија“, информираат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.