Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО.
СДС знаат колку ја ограбиле државата и народот и затоа ја напаѓаат Божиновска, мислејќи дека така никогаш нема да се дознае.
СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони евра од Владата кон ЕВН не се платени.
СДС свесно манипулира. Во нивно време од МЕПСО парите наместо за енергетската мрежа се трошеа за донации и спонзорства на фитнес клубови.
СДС жали по времето кога камиони со струмички таблици вртеа во РЕК Битола по 27 часа на ден.
СДС знае дека следува одговорност и затоа се во страв и сеат лаги за Божиновска. Неспособноста заврши со нив.