Европската народна партија на социјалните мрежи објави графика во која повикуваат унгарскиот премиер и претседател на партијата Фидеш да си оди.
„Време е да ја вратиме Унгарија поблиску до Европа и да ѝ дадеме шанса да се опорави од лошто лидерство“ се вели во објавата на ЕПП на социјалните мрежи.
Тие порачуваат дека време е Виктор Орбан да си оди.
Партијата на Орбан, Фидеш беше дел од групата на Европски народни партии до март оваа година, кога тој се повлече од групата, пред сестринските партии да гласат за нивно исклучување. ЕПП имаа замерки за назадувањето на демократијата и владеењето на правото во Унгарија.
ЕПП е најсилна политичка групација во Европскиот парламент по последните европски избори, а од нивните редови доаѓа и старо-новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, кои исто така се дел од Европската народна партија, ги продлабочуваат односите со Орбан и Фидеш, во моменти кога европскиот пат на државата е блокиран.