ЕСМ снабдување во соопштение до јавноста вели дека и за утре не се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија. Тие посочуваат дека оваа одлука е во согласност со одлуката на РКЕ и се базира на средната температура од 17 степени врз основа на прогнозата од УХМР.
„Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 17˚С за 10.10.2024 година од Управата за Хидрометеролошки работи.
Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи“, се вели во соопштението.