Зоран Заев, поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ вчера го прослави јубилејниот 50 роденден.
На прославата беа присутни неговото семејство и пријателите, кои на социјалните мрежи споделуваа фотографии.
За славеникот беа подготвени специјални торти – мотор, кацига, ракавици за возење, па дури и неговата регистрација. За забавата, меѓу останатите се погрижи и некогашниот финалист од „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Филиповиќ.