На 08.10.2024 година од 13:15 часот поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од ЕДНА ГОДИНА.
СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско – клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.
ДПТУ Ескаватори – MK ДООЕЛ известува дека на автопатот Скопје – Куманово, поточно автопат А1/А2 делница од клучка ТИРС Бунарџик до пред патарина Миладиновци, 04.10 – 10.10.2024 год. од 07:00 до 19:00 ќе се одвиваат градежни активности за рехабилитација и поправка на левата (брза) сообраќајна лентакоја ќе биде затворена за сообраќај и сообраќајот ќе се одвива по десната и помошната сообраќајна лента каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Синтек инженеринг ДООЕЛ известува за отпочнување на времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 03.10.2024 година до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т1. Имено десната тунелска цевка на тунел Т1 ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе биде целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.