Израелската армија издаде предупредувања до луѓето кои живеат во јужен Либан да се евакуираат или ризикуваат да бидат убиени.
Околу 1,2 милиони луѓе ги напуштија домовите поради израелските напади и предупредувањата за евакуација.
Претставникот на Светската програма за храна на Обединети нации, Метју Холингворт истакна дека невозможно е да се задоволат потребите на повеќе од еден милион луѓе присилно раселени лица.
– Ова не беше земја што е добро подготвена да се соочи со сите предизвици во изминатите години. Значи, тоа ќе биде борба, наведе Холингворт.