Уставниот суд на седница денеска донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно.
Повеќе за одлуката, како што е највено, ќе информира претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната 27. Седница.