Легендарниот Раул Гонзалес на крајот од сезоната повторно ќе го напушти Реал Мадрид. Тренерската функција ја извршуваше во Кастиља, резервниот тим на Реал, а на крајот од сезоната ќе му ја предаде функцијата на Алваро Арбелоа.
Ова ќе биде втор пат Раул да го напушта кралскиот клуб, бидејќи како играч кариерата ја продолжи во Шалке 04.
Раул пред шест години се врати во Реал и оттогаш ги предводеше сите помлади категории на Мадрид, почнувајќи од кадетите, а со Кастиља забележа 71 триумф на 178 натпревари.