Тизи Ходсон, 70-годишна жена од Гедни Хил, Линколншир, не можела да им поверува на своите очи кога ја отворила добиената пошта и открила дека нејзиното оригинално писмо со барање за работа како каскадер на мотоцикли, испратено во јануари 1976 година, било таму сите овие години зад фиоката за пошта.
И покрај тоа што не ја добила таа работа, неуспехот не и ја загрози кариерата бидејќи нашла работа со која го обиколила светот, пишува Би-Би-Си.
Опишувајќи го вратеното писмо како „неверојатно“, г-ѓа Ходсон вели: „Секогаш се прашував зошто не слушнав ништо за работата. Сега знам зошто“.
На горниот дел од писмото имало рачно напишана белешка на која пишувало: „Доцна испорака на пошта во Стејнс. Пронајденo зад фиока. Доцни околу 50 години“.
Г-ѓа Ходсон не знае кој и го вратил писмото, ниту како ѝ стигнало.
„Како ме најдоа кога се преселив околу 50 пати, па дури и ја сменив земјата четири или пет пати, е мистерија“, рече таа.
Многу ми значи што ми се врати назад одговор толку многу години подоцна, вели Тизи. „Јасно се сеќавам дека седев во мојот стан во Лондон и пишував писмо. Секој ден барав одговор, но немаше ништо и бев многу разочарана затоа што навистина сакав да бидам каскадер на мотоцикли“.
За среќа на г-ѓа Ходсон, молкот по нејзината апликација не ја спречи да се обиде да најде други работни места.
Таа се преселила во Африка, работела како ракувач со змии, научила да лета и станала аеробатски пилот и инструктор по летање.
-Изгледа неверојатно по толку време да се добие писмо назад, коментира таа.
Кога би можела да разговарам со јас помладата, би ѝ рекла да оди и да направи се што сум направила. Имав толку прекрасно време во мојот живот, иако скршив неколку коски“, додава Тизи.