Поранешната манекенка, метео девојка и сегашна водителка Ведрана Ѓорѓевиќ сподели прекрасна вест со своите пријатели и фановоте. Имено таа на 22 минатиот месец се венчаше со својот избраник диџејот и продуцент Ендру Мелер (чие вистинско име е Андрија Антиќ), а венчавката ја направија со најблиските во прекрасниот Бигорски манастир.
На настанот присуствувале мал круг на најблиски роднини и пријатели, а среќниот пар дури сега сподели фотографии на социјалните мрежи.
Водителката изгледала прекрасно во тесен долг бел фустан, а на главата носела и прекрасен долг вел, додека младоженецот бил облечен во бели панталони и крем ленена кошула.
Венчавката следуваше само по неколку месеци откако Ендру ја побара за жена на нивниот одмор во Занзибар.