Вчера во 13.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници ја лишиле од слобода 39-годишната Р.М.В. од Република Србија затоа што при гранична контрола и проверка било констатирано дека на увид приложила фалсификувана возачка дозвола.
Лицето било спроведено во Основен суд Гевгелија, каде што ѝ била изречена условна казна затвор од една година, доколку во рок од две години не го повтои делото и казна протерување на странец од Република Северна Македонија во рок од две години.