Италијанскиот тенисер Јаник Синер првпат во својата кариерата ќе заврши на првото место на светската АТП ранг-листа.
Овој 23-годишник го завери првото место откако неговиот најблизок конкурент Карлос Алкараз загуби од Чехот Томаш Махач во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај. Сега Синер има 11.320 поени, а Алкараз 7.120.
Синер ќе биде деветнаесеттиот тенисер во историјата кој ја завршил годината како број 1 во светот.