Научните истражувања покажуваат дека крвната група има значително влијание врз целокупното здравје на една личност. Според новите наоди, постојат одредени крвни групи кои се поотпорни на одредени болести, што значи дека овие луѓе живеат подолго и поздраво.
Една од најважните откритија е дека луѓето со крвна група 0 имаат најнизок ризик од развивање на сериозни кардиоваскуларни заболувања, како што се срцеви и мозочни удари. Оваа група, исто така, има помала веројатност да страда од болести како рак на панкреас и рак на желудник, а покажува и поголема отпорност кон проблеми со памтењето и когнитивните функции во текот на животот.
Истражувањата, исто така, потврдуваат дека крвната група А е „послаба“ во однос на отпорноста на одредени болести, особено кога станува збор за маларија. Луѓето со оваа крвна група имаат поголем ризик од зараза во споредба со другите.
Причината за долгиот и здрав живот кај лицата со крвна група 0, според научниците, лежи во фактот дека оваа група има помала количина на молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта – главна причина за многу кардиоваскуларни заболувања. Со помал ризик од згрутчување, срцето и мозокот остануваат заштитени подолг период, што го продолжува животниот век и го намалува ризикот од ментални болести.
Овие наоди сугерираат дека крвната група игра важна улога во одржувањето на здравјето и долготрајноста, а особено се истакнува крвната група 0 како најзаштитена и најотпорна на сериозни болести.