Дербито на Истанбул во Евролигата, во салата на Ефес им припадна на кошаркарите на Фенербахче (93:69).
Натпреварот го обележа инцидентот во третата четвртина меѓу Елајџа Брајант (Ефес) и Тарик Биберовиќ (Фенербахче).
Фенер беше во напад, Елајџа Брајант се обиде да го запре Тарик Биберовиќ, а потоа и двајцата завршија на паркетот. Кошаркарите тргнаа физички да се пресметаат, соиграчите успеаја да ги раздвојат, а судиите ги исклучија двајцата.
Сепак, ТВ камерите не успеаја да го овековечат најдоброто од она што се случуваше.
Дури по крајот на натпреварот, благодарение на фотографија, беше целосно јасно што се случи, Брајант најверојатно го гризнал Биберовиќ.