На 12.10.2024 во 17.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(47) од с.Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуaна и бела прашкаста материја.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка и куршуми за пушката.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.