Притвор доби тетовец, откако се заканувал дека ќе го убие татка си.
На 3-ти месецов во семејниот дом, поради претходни недоразбирања, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му упатувал закани по неговиот живот, по што му е одредена мерка притвор од 8 дена во Казнено поправната установа Затвор – Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно и кривично дело „телесна повреда“.
Скоро секој ден има пријави за насилство во кругот на семејството.