Поп дивата Калиопи викендов, на 19 октомври во Арена Борис Трајковски по 6-7 години конечно ќе одржи концерт во Скопје, за кој како што вели ќе биде вистински спектакл полн со емоции.
Овој концерт е уште поспецијален затоа што е јубилеен (40 години кариера) за Калиопи, па по тој повод денеска ги повика новинарите на еден опуштен и поинаков прес, на којшто ги почести со доручек.
“Ова во сабота го гледам како една Арена која ќе биде исполнета со многу љубов и емоции. Поради тоа еве имам малку, не страв, туку респект за целиот настан. Се надевам нема да ме совладаат емоциите и ќе можам да ви се дадам онака што сум го правела тоа со години наназад”, истакна Калиопи.
Како што додаде дивата, концертот ќе трае околу 3 часа, а ќе има и изненадувања и гости. Засега ни откри дека ќе и гостуваат Слаткаристика, Жељко Самарџич и секако Ромео Грил.
Н.Ј.