Пеп Гвардиола на прашањето кој е најдобриот фудбалер во историјата одговори во италијанското шоу „Che Tempo Che Fa“.
„Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Можеби покажувам непочитување кон Пеле и Диего Марадона, но не можам ни да замислам некој каков што е Меси. Да се биде доследен како него е нереално.
Видов како тоа момче тренира секој ден и игра натпревари на секои три дена нереално. Кога имаш можност да бидеш толку блиску до него и да го следиш, тогаш сфаќаш каков фудбалер навистина е тој. Меси е единствен. Среќни сме што имаме можност да гледаме и да му се восхитуваме на она што го прави на теренот. Тоа е најголемата убавина на фудбалот што сум ја видел во мојот живот“.
Гвардиола му беше тренер на Меси од 2008 до 2012 година во Барселона. Заедно освоија три Ла Лига, две Лига на шампиони и два Купа на Кралот.