Денеска околу 18:30 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје пријавено било дека во болницата бил донесен 35-годишниот Е.А. од Скопје со прострелна рана во ногата.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР), повредениот бил донесен од неговиот брат, кој изјавил дека додека Е.А. се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, непознато лице му се приближило и испукало кон него. Инцидентот, според братот, најверојатно е поврзан со должничко-доверителни односи.
Полицијата го истражува случајот и се работи на откривање на идентитетот на напаѓачот и мотивите за нападот, велат од таму.