Поп дивата Калиопи викендов, на 19 октомври во Арена Борис Трајковски по 6-7 години конечно ќе одржи концерт во Скопје, за кој како што вели ќе биде вистински спектакл полн со емоции.
За таа цел денеска Калиопи одржа една прес-конференција со новинарите и ги почести со доручек, бидејќи како што вели новинарите биле тука за неа во целата кариера па ги чувствува како свои.
На новинарско прашање откри дека за концертот ослабнала 8 килограми со специфична диета која вели си ја практикува два пати годишно, но и недостасува да ослабне уште некој килограм за да дојде до онаа тежина што за неа е посакувана како на настапот на Евровизија во Баку.
Исто така откри дека за концертот ќе носи посебна криеација, но сепак во нејзин стил, публиката секако да не очекува мини сукња и длабоко деколте, бидејќи тоа не е нејзин стил.
За младешкиот изглед откри дека е заслужна генетиката но секојдневно сака да пешачи и да биде активна.
Н.Ј.