Кристина Димитри, поранешната манекенка откако објави дека е бремена, сега веќе конечно го покажа и својот сакан. Инаку,Кристина досега во повеќе наврати објавуваше фотографии од нејзиното момче, но секогаш го криеше неговиот лик.
Овојпат реши да не ги држи во дилема своите обожаватели, па на социјалните мрежи објави фотографија на која позираат двајцата со чаша добро вино. Под фотографијата напиша:
“Кога некој маж го менува целиот свој живот за една жена.”