На социјалната мрежа X се појавија фотографии од куќата на покојната кралица на ромската музика, Есма Реџепова, куќа која требаше да прерасне во музеј.
За жал, и покрај тоа што таа посвои 48 деца и им даде живот како од бајките, куќата денес изгледа страшно.
Домот на Есма е тотално уништен, а останале само голите ѕидови. Во вилата од 750 метри квадратни украдено е буквално се, вклучувајќи и врати и прозори.
Имотот од 1300 метри квадратни е запуштен и обраснат со висока трева, што создава тажна слика.
Кралицата на ромската музика имала визија домот да стане мултифункционален објект каде би се одржувале хуманитарни настани, но и културен центар во кој би се собирале млади таленти од различни области. Наместо тоа, домот сега е место на заборав.
Есма Реџепова, почина во декември 2016 година, остави длабок незаборавен белег на музичката сцена и во срцата на многумина.