Обединетите Нации објавија дека израелски тенкови ја пробиле вратата на базата во јужен Либан, каде се стационирани мировните сили.
Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) соопштија дека станува збор за намерен напад врз мировници во кој израелските војници пробија една од нивните позиции.
Членот на израелската влада Ели Коен денеска ги нарече ОН „бескорисна сила“.
„ОН се пропадната организација, а УНИФИЛ е бескорисна сила која не успеа да ја спроведе резолуцијата 1701, не успеа да го спречи Хезболах да се етаблира во јужен Либан“, пишува Коен.
Резолуцијата 1701, усвоена по војната меѓу Израел и Хезболах во Либан во 2006 година, бараше демилитаризирана зона, повлекување на израелската армија и разоружување на Хезболах, меѓу другите услови, што не се случи целосно. Хезболах го зголеми своето воено присуство и вооружување, додека Либан го обвинува Израел дека не се повлекува целосно од либанските територии и дека го нарушува интегритетот на нивните воздушни и поморски граници.