На 14.10.2024 во 13.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б.(60) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека бил баран од Интерпол Република Турција.
Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.