Англиските медиуми потврдија дека функцијата спортски директор во Манчестер Сити ќе ја преземе Португалецот Уго Вијана.
Тој пристигна од Спортинг и во 2025 година и ќе го замени Каталонецот Бегиристајн, кој на споменатата позиција е од 2012 година.
Не е решено прашањето сеуште кој ќе биде тренер на Граѓаните следната сезона. Имено, договорот на Пеп Гвардиола (53) истекува оваа лето и тој се уште не го продолжи.
Вчера се појави информација дека Гвардиола бил во преговори со англиската федерација.
Според “Тајмс” на Пеп му е понудена функцијата селектор на Англија и дека тој ќе одлучи за својата иднина во наредните недели.