Трикратниот европски ракометен шампион Вајперс Кристијансанд преживува тешки моменти. Во соопштение објавено од страна клубот се вели дека ако клубот за три дена не најде милиони евра, тогаш в понеделник ќе стави клуч на врата, односно ќе прогласи банкрот.
Норвешкиот првак веќе подолго време има финансиски проблеми и некако успеваше да се спаси, но веројатно сега е дојдено до точка од која нема назад.
Ако се оствари најцрното сценарио, тогаш и ЕХФ ќе биде во проблеми, па сезоната во елитната конкуренција ќе биде со еден тим помалку.