Вчера во 11.43 часот во СВР Тетово, М.С.(45) од с.Речане, тетовско, пријавил дека во дворот од семејната куќа во с.Чајле, тетовско, го пронашол починат и со изгореници по телото неговиот вујко М.Х.(63), кој имал здравствени проблеми.
Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Тетово.