Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски изјави дека бодот со Спортинг од претходната рунда со кој се скрши мразот во елитното друштво ќе биде мотив на овој дуел, против ривалот кој негува поинаков ракомет од другите и има гранитна одбрана, искусни голмани и смирен напад.
„Конечно го скршивме „мразот“ во Лигата на шампионите и ни падна тој товар од грбот. Го освоивме тој бод по долго време и тој ќе ни помогне и на домашните и на гостинските натпревари да ловите два бода. Гостуваме кај одличен противник, екипа составена од интернационалци и многу добар тренер. Висла негува малку поинаков ракомет од другите. Имаат гранитна одбрана, искусни голмани и сакаат сигурен и смирен напад. Се подготвуваме максимално и имаме свои шанси, затоа што секоја екипа во Лигата на шампионите бара слаби страни на противникот, многу видео анализи..
Ќе биде супер-неизвесно, тие го победија Кјелце, а ние бевме подобри од Охрид во домашните првенства. Влегуваме со позитивна атмосфера и желба да ја продолжиме серијата“, смета кружниот напаѓач.