На 16 oктомври во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го приведоа В.М.(27) од село Раброво, валандовско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, најверојатно амфетамин, марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против В.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.