Светската банка очекува економскиот раст за следната година да биде на ниво од 2,7 отсто, со услови да се реализираат капиталните инвестиции на државата, да продолжи потрошувачката на домаќинствата, но и доколку се подобри извозот на државата.
Оваа меѓународна финансиска институција предвидува дека инфлацијата во следната година ќе биде на ниво од три отсто, во долгорочен просек 2 отсто. Сепак економистите предупредуваат дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, спопред нив тоа се – ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка, надополнети со ограничен фискален простор и зголемени фискални ризици во услови на високи каматни стапки кои претставуваат опасност за економскиот раст.
Светска банка
Раст на БДП 2024
Северна Македонија 1,8%
Босна и Херцеговина 2,8%
Албанија 3,3%
Црна Гора 3,4%
Косово 3,8%
Србија 3,8%
Во однос на јавниот долг, банкарите само ја потврдија загрижувачката состојба – тој веќе достигна 62% од БДПто, а тое според нив е одраз на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Од Светска банка велат дека фискалниот дефицит и јавниот долг остануваат зголемени на среден рок поради повисоките задолжителни трошења и зголемување на фискалните ризици поврзани со заостанатите долгови, пензиите и финансиските трошоци пред локалните избори.
Заедничкиот економски раст во земјите од Западен Балкан, пак, се очекува да достигне 3,7%, но регионот мора да усвои структурни реформи вклучувајќи ги и тие во Планост за раст на ЕУ.