Припадници на специјалните полициски сили и на Одделот за борба против наркотици утрово спроведуваат акција во угостителски објект што се наоѓа на булеварот Туристичка во Охрид. Според засега непотврдени информации, најверојатно станува збор за потрага на дрога или акција за контрола на вработени со оглед на тоа што станува збор за стриптиз-бар.
Полициските екипи се на лице место, но не е познато за каква акција се работи и што е предмет на претресот.
Според непотврдени информации, станува збор за претрес со потрага по наркотични средства оттаму што во претресот за ангажирани и полициски кучиња, но не е исклучено да се работи и за акција за контрола на лица бидејќи се работи за oбјект во кој работи стриптиз-бар каде се постојано ангажирани странски лица, пренесе МИА.