На 16.10.2024 во 14.30 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Ф.С(21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје.
При контрола во возилото „сеат ибица” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник. Додека, при преглед во возилото „цитроен ц3″ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник.
Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.