Новиот претседател на Српската кошаркарска федерација, Небојша Човиќ успеал да го убеди искусниот стратег да остане на чело на репрезентацијата.
Како што пренесуваат српските медиуми, Пешиќ ќе ја води репрезентацијата само уште на Евробаскетот следната година каде главна цел ќе биде нападот на златниот медал.
Се очекува ова првенство да биде проштално за Пешиќ, а најавите се дека по одличните игри во Париз сите ѕвезди, предводени од Никола Јокиќ ќе бидат дел од репрезентацијата.
Без разлика на резултатот на ЕП по завршувањето на шампионатот Србија ќе бара нов селектор.