Поранешниот европски првак Магдебург се соочува со проблеми во текот на оваа сезона, а една од главните главоболки на тренерот Бенет Вигерт е отсуството на Феликс Клар.
Поради ова, Клар ќе мора да замине на операција за да го реши проблемот со тетивата, по што ќе го очекува повеќемесечна пауза од терените.
„Феликс Клар дефинитивно нема да игра до крајот на оваа календарска година. Тој е во Шведска, контактираме со него неколку пати неделно и можеме да кажеме дека ја добива најдобрата медицинска нега во моментов. За жал, тој не е ниту блиску до камбек на терените“, изјави Вигерт.