И германските спасувачки тимови од безбедносни причини привремено ги запираат своите операции во Турција

 Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини, јави ДПА.

Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска организациите.

Екипите за пребарување и спасување моментално престојуваат во заедничкиот камп во градот Карахан. Доколку има конкретни докази дека некој може да биде спасен жив, тие ќе одат на местото, изјави за ДПА портпаролот на Федералната служба за техничка помош.

Службата и ИСАР ја припишуваат тензичната ситуација, меѓу другото, на „недостигот од храна и проблеми со снабдувањето со вода во зоната на земјотресот“.

-Се гледа дека тагата полека го отстапува местото на гневот, рече Стивен Баер, шеф на операции во ИСАР.

Портпаролот во седиштето на Федералната служба за техничка помош во Бон соопшти за „бурни сцени“ и додаде дека мора да се земе предвид безбедноста на волонтерите.

Претходно, војници од спасувачкиот тим на австриската армија, исто така, привремено ги прекинаа операциите во јужната турска провинција Хатај.

Треба да знаете
Последни објави