Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран на длабочина од 145 километри, а засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Точно 48 часа претходно земјотрес со јачина од 6,2 степени беше регистриран во близина на индонезискиот остров Суматра, што се наоѓа источно од островот Сулавеси.
Земјотресите се многу честа појава во Индонезија, државата што се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот”.
Во земјотресот што се случи на 21 ноември минатата година во густо населена област во провинцијата Западна Јава, со јачина од 5,6, загинаа 602 лица.
Најсмртоносниот земјотрес што е регистриран во Индонезија се случи на 26 декември 2004 година, при што загинаа повеќе од 230.000 луѓе во Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, бидејќи тресењето на земјата предизвика огромни бранови кои достигнаа висина од 30 метри. Земјотресот тогаш бил со јачина од 9,1 степени.