Претседателот на Финска, Саули Ниинисто во интервју за агенцијата СТТ изјави дека верува оти Финска и Шведска како членки на таа организација ќе учествуваат на самитот на НАТО во јули годинава, во Вилнус.
Нинисто рече дека во пролетта 2022 година Финска и Шведска слушнале многу охрабрувачки зборови од НАТО, кои тврделе дека нивниот влез ќе биде лесен, но тоа не било така.
„Гледам дека тоа е проблем во НАТО. Јасно е дека и членките на НАТО беа изненадени“ – додаде Нинисто, пренесува ТАСС.