Хотелот „Европа“ кој се наоѓа во некогашниот популарен туристички комплекс Отешево, кој до пред дваесетина години беше гордост на Преспа и Македонија, со најубав поглед кон езерото, вкусна храна, место каде одмараа странци, а навечер беше централно место за забави пропаѓа во заборав и руина.
Во хотелот имаше забава за сите. Располагаше со голема сала за свадби, куглана, речиси беше изграден и затворениот базен, поседуваше казино, ноќен клуб, шанкови, продавница за накит…
Целата волшебна приказна со хотелот изграден во 1991., завршува некаде во 2005-тата година кога по силно невреме во Преспа се случува пожар и гори дел од овој комплекс, стариот дел наречен како “Хотел Југославија”, каде што имаше одредени оштетувања, но вистинската штета се појавува низ годините што следат кога хотелот е опустошен и руиниран од страна на крадците…
Хотелот неколку пати беше продаван и беше најавувана негова реконструкција, но засега без никакви конкретни чекори.
Дали и колку државата може да направи пресврт во оваа тажна приказна останува да видиме….
Некогашниот луксузен резорт во Преспа сега изгледа вака:
(Фото)(ВИДЕО,ФОТО) Срце ќе ви заплаче: Како изгледа Хотелот Европа, некогашниот сјај на Преспа и Македонија
Извор: Центар